Skip to main content

Адвокатот кој го развеа знамето со сонцето од Кутлеш на суд

Одложено судењето против охридскиот адвокат Тони Менкиноски

Одложено рочиштето за судскиот поцес на кој охридкиот адвокат Тони Менкиноски се јавува како обвинет за нарушување на јавниот ред и мир. Тој кажа дека одложувањето е по негово барање, поради отуство на претставник на МВР кој се јавува како подносител на обвинувањето. Менкиноски не се чувствува виновен, мисли дека причина за обвинението е поставувањето на знамето со Сонцето од Кутлеш, во знак на поддршка на осудените за настаните на 27 април.
 |  Голабовски Крсте  | 
Менкиноски

На барање на обвинетиот Тони Менкиноски, одложено рочиштето, на кое, денеска во Основиот суд во Охрид, требаше да му се суди за нарушување на јавен ред, поради, како што вели тој, отсуство на лице претставник од МВР, кое го поднело обвинението на судскиот претрес. Инаку, Менкиноски сам се пријавил во СВР Охрид, дека е одговорен за поставувањето на знамето со Сонцето од Кутлеш, во знак на поддршка на осудените за настаните на 27 април. Судскиот процес против него се води по пријава од МВР.

„Јас не се чувствувам за виновен и сметам дека воопшто не постои прекршок. Тие немаат закон според кој можат нас Македонците да не репресираат за да не го истакнеме Македонското знаме. Од таа причина, тие имаат наведено под „нарушување на јавен ред и мир“. Не постои закон, не постои меѓунaроден договор, кој ќе ни ограничи, ние да не го истакнуваме Македонското знаме од Кутлеш.“ – изјави Менкиноски.

„Согласно закон за кривична постапка, мора да присуствува лице од МВР што ќе го образложи обвинението против мене. Во спортивно, ако не сe појави на наредното судење ќе излезе народната „Кадија те тужи, кадија те суди“, посочи Менкиноски. Голем број граѓани денес пред самиот почеток на судскиот претрес, излегоа пред седиштето на Основниот суд во Охрид, во знак на поддршка на обвинетиот Менкиноски.  

„За конкретниов случај, голем срам за македонската држава, не и за судството. Судството е инволвирано без да сака очекувам од тие причини да даде една правилна пресуда односно да нема пресуда бидејќи нема основ за пресуда бидејќи нема пријава туку ова е едно политичко или лично самоволие на една личност која 16 или 17 пати во Европскиот суд за човекови права донесе победa и им укажа и на ЕУ и на Бугарија дека ние сме праведна нација.“ – кажа еден од граѓаните пред судот.

„Брука за правосудствово. Зашто го судат? Дека е Македонец? Зошто се држи до македонските корења? Па она знаме ни беше државно знаме. Бракови, деца се раѓаа. И до каде ќе тераме вака? Срам да им е на сите кои го загонаа.“ – вели друг охриѓанец.

Менкиноски се товари дека го нарушил јавниот ред и мир кога на Водици, во Охрид, кај „Долна Порта“ го истакнал знамето, кое до 1994 година беше официјално на Република Македонија.