Oдлoжено судското рочиште за глисерската несреќа
Овој пат во судницата изостана присуството на бранителот на оштетените, адвокатот Татјана Поповски.
Уште едно одлагање на главниот претрес од судското рочиште за глисерската несреќа во која пред речиси три години животот го загуби Ирина Романова Муцунски. На денешниот претрес, во судницата не се појави бранителот на оштетените, адвокатот Татјана Поповски.Таа заедно со јавниот обвинител Наум Паноски, на последниот претрес побараа ново вештачење, со кое треба точно да се утврди кога Кристијан Шапкар консумирал алкохол, дали пред или после несреќата.
Паноски тогаш потенцира дека истото треба да биде спроведено од страна на Инситутот за судска медицина при Медицинскиот факултет од Скопје. Што се однесува до претходното вештачење, направено од страна на Универзитетската клиника за психијатрија од Скопје, адвокатот на оштетените Татјана Поповски на претходниот претрес рече дека истото е неуредно, со документи чие потекло не може да се утврди, приложени на странски јазик и без соодветен судски превод.
На денешниот главен претрес, предмететот од вештачењето на Институтот за судска медицина при Медицински факултет од Скопје, не беше пристигнат. Инаку, ова е деветнаесетто закажано судско рочиште за овој случај. Првото се одржа на 13-ти мај 2010 година. Судијата Милчо Клишески, следното рочиште го закажа за 14 јуни 2012 година.
{loadposition content9}