Одлуката за стопирање на проектот за Алипашината џамија со позитивни коментари
Одлуката за стопирање на проектот околу реконструкцијана Алипашината џамија, која ја најави Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, наиде на позитивни коментари во пошироката јавност а посебно кај здружението „Совест“. Од таму сметаат дека сепак проблемот ќе се решава институционално онака како што треба, без да се задира во етничките и верските чуства.
Почна да се одмотува клопчето околу решавањето на прашањето за спорната реконструкција на Алипашината џамија во Охрид. Изјавата на министерот за култура Алаѓозовски, кој неодамна најави стопирање на проектот, за нас како здружение „Совест“ претставува голема сатисфакција , истакна Михаил Трендафилов Нанче, дополнувајќи дека добро е што работата тргна од ресорното министерство.
„Докажавме на некој начин на сите кои не веруваа и ни викаа дека не можете ништо да постигнете, дека сепак со упорност и работа може да успее и да се дојде до некое решение.. Не плаши тоа што бевме разочарани од работата на институциите во однос на овој случај Али пашина џамија, од една страна пријатно ни е што министгерот Алаѓозовски истакна така од друга си велиме што ако институциите си продолжат по старо. Ангажирано е обвинителство и министерство, државниот градежен инспекторат некако спијат, не знаеме што е работата“
Првото полувреме заврши, дециден е Нанче. Тој вели дека следува второто полувреме од кое очекувале работите околу целата фама што се крена за Алипашината џамија да почната институционално да се решаваат, за на крај исходот да биде позитивен и во полза на вистината.
„Ние сметаме дека нема место за етнички верски проблеми, разумни луѓе разумно ќе ја решат работата…. не е не толку за да се запали нарадот и да има непријатности. Нас не ни е целта развојот на настаните да добие поинаква поента….туку дека разумот ќе надвладее и работата ќе се реши и нема да има повеќе проблеми“
Трендафилов додава дека како здружение имале поднесено и преставка до Управата за заштита на културно наследство за вандализмот кој евидентно бил направен во Алипашината џамија со влез на тешката механизација а за се тоа некој треба да понесе и одговорност.