Skip to main content

Охридски регион

Одобрени 20 барања за поставување фотоволтаици

Од 2019 година до денес одобрени се 20 барања за поставување на фотоволтаици во охридскиот регион, десет се во фаза на одобрување. Најголем интерес има од страна на хотелските и индустриските капацитети, но проблем е што дел од хотелите не добиваат дозвола, поради препораката на Унеско, не смее поставување на фотоволтаични системи на 50 метри од брегот на езерото.
 |  инфодеск  | 
Фотоволтаици

Одобрени 20 барања за поставување фотоволтаици во Охрид, а нови десет се во фаза на одобрување. Енергетската криза и поедноставените процедури го зголемија интересот за обновливи извори на енергија.

Најголем интерес има од страна на хотелските и индустриските капацитети. Проблем е што дел од хотелите не добиваат одобрение за фотоволтаични системи, бидејќи се наоѓаат во заштитеното подрачје, а Унеско не дозволува нивно поставување во 50 метри до езерото.

Интересот е голем и кај домаќинствата приватните потрошувачи меѓутоа и кај индустриските капацитети хотелиерите. Од 2019 година до десетти месец 2022 поставени и одобрени се 20 барања за поставување на фотоволтаици, најголемиот дел се поставени на индустриски капацитети – вели Богдан Настески Герман, од секторот за урбанизам Охрид.

Фотоволтаици

Интерес има и кај домаќинствата, но досега одобрено е само едно барање за поставување соларни панели на индивидуална куќа. Дополнителен проблем имаат жителите на стариот град имаат проблем бидејќи им е забрането поставување соларни панели кои според УНЕСКО ја нарушуваат визурата и амбиенталниот лик на градот.

Инвестицијата е скапа, меѓутоа економската криза ги примора граѓаните да прават анализи и од она што во пракса е веќе изведено интересот бидејки е најголем кај индустриските капацитети веројатно тие наоѓаат економска оправданост за поставување. Додека кај домаќинствата ситуацијата е малку поинаква – вели Настески-Герман.

Охрид

Иако станува збор за скапа инвестиција компаниите од охридско наоѓаат економска исплатливост велат од секторот за урбанизам. Со измените на законот има олеснување и за малите потрошувачи до 6 киловати.

Новинар : Соња Рилковска