Одредени слабости има во функционирањето на сообраќајниот режим
Од одделението за сообраќај се задоволни од функционирањето на системот со влез и излез на возилата во стар град. Одредени слабости има во функционирањето на режимот. Дел се од системот, а дел поради човечки фактор, велат од локалната. Повторно се соочуваат со злоупотреби на картичките од страна на жители на Стар град, а има и пропусти кај лицата ангажирани на рампите.
Од Одделението за сообраќај при Локалната самоуправа информираат дека без големи проблеми се одвива функционирањето на системот и 4 рампи со кои се регулира влезот и излез на возилата во стариот дел од градот. Ги отфрлаат реакциите на граѓани кои се жалат дека се случува да влезат од една рампа, но не можат да излезат на друга како изолирани случаи.
„ Системот е врзан во целина со 4 -те рампи на еден софтвер. Тоа е можно ако има прекин на интернет врските. Тие се изолирани случаи, неколку случаи се случиле. На 2 пати кај рампата Каменско снема струја во тој дел од градот. Системот е врзан на еден софтвер и за позначајни појави не дава таква можност“, напоменува Зоран Шикалески раководител на одделението за сообраќај.
Зоран Шикалески раководител на одделението за сообраќај , вели дека го следат одвивањето на сообраќајот и забележуваат одредени аномалии кои се јавуваат, а кои во иднина мора да ги решаваат и кај нив и кај граѓаните. Кажува дека се среќаваат со злоупотреби на картичките за влез на возилата во стар град, но и со влезот од еден час наменет за сместување на туристите. Од одделението размислуваат да ја укинат можноста за влез на туристите со автомобил до апартманите кои немаат воошто или доволно паркинг места. Шикалески за задржувањето на возилата за дистрибуција на трговска стока по 10 часот во центарот на градот, вели дека е резултат на човечки фактор.
„Системот ги ограничува, но може е во прашање човечкиот фактор. Како систем и софтвер е решено. За понатака да функционира треба да се исполнат сите чинители кои одговараат за системот да функционира како што е замислено. Сакаме да го исклучиме и човечкиот фактор, има злопуотреби. Некој отворил и влегол по 12 часот и тие работи мора да се елиминираат“, вели Шикалески.
По завршување на летната сезона градоначалникот, одделението за сообраќај заедно со граѓаните ќе имаат јавна дебата на која ќе се споделат позитивните и негативните придобивки од сообраќајниот систем. Шикалески најави дека во тек е изработка и на Сообраќајна Студија за градот.