Skip to main content

Се одржа петтото рочиште за Лазе Радески

За прв пат прикажани снимките од сигурносните камери во продавницата, за која постои сомневање дека е местото каде е извршено едно од убиствата.

 |  Ристо Јакимовски  | 
Laze Radeski
Лазе Радески
За прв пат прикажани снимките од сигурносните камери во продавницата, за која постои сомневање дека е местото каде е извршено едно од убиствата.

Обвинетиот е осомничен дека во периодот од 2006 до 2008  ги убил Раим Ракипи, Спиро Ставрески и Трајче Цоцески.  Во своето признание, кажал дека   убиството на Трајче Цоцески го извршил во самоодбрана, исто така негираше дека ги извршил убиствата врз Раим Ракипи и Спиро Ставрески.

Laze RadeskiНа почетокот на денешното рочиште беа изнесени причините за доцнењето на психијатрискиот извештај и откажувањето на сведочењето на сведокот Ацо Стојаноски. За прв пат беа прикажани снимските од сигурносните камери во продавницата.  Постои прекин на снимениот матријал на критичниот ден во периодот од 10 часот до 16 и 35.
Од стран на одбраната побарано беше да се изврши вештачење на техниката со која е направена снимката  и да се утврдат кои се причините за прекинот во снимениот матријал . Исто така беше побарано да се направи записник за содржината на снимката.
Не беше одржан дополнителен распит на обвинетиот, поради приговор на бранителот кој побара да има целосен увид во доказниот матријал.

Наредното рочиште е закажано за 25 февруари.

 

 

{loadposition content9}