Skip to main content

Се одржа 58 та седница на Совет, Охрид

Охридските советниците единствени во гласањето на предлог одлуките кои се однесуваат на утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување на бесправни објекти.

 |  Николоска Биљана  | 
sednicaoh
седницаох

Со една вообичаена практика на доцнење, овојпат од половина час, отпочна 58 седница на Советот на општина Охрид. sednicaohГлавен акцент на седницата беа неколкуте предлог одлуки за донесување урбанистичко – планска документација за легализација на бесправно изградени објекти. Дејан Паноски од ВМРО ДПМНЕ во име на неговата советничка група даде комплетна поддршка на предлог одлуките кои се однесуваат на легализација на бесправно изградени објекти.  Тој истакна дека овој проект на Владата на Р. Македонија, на сите сопственици на вакви објекти ќе им овозможи да ги легализираат во еден процес.

„Ние како советничка група имаме еден и единствен став по ова прашање, легализацијата на дивоградбите е добар процес луѓето треба да го остварат своето право, тоа ќе значи и ревизија на ДУП и ГУП, што многу му е потребно на Охрид, за да се видиме што всушност се случувало во Охрид наназат овие години“ – изјави Паноски.

markoskiНе сме изненадени од поддршката на точките кои се однесуваат на легализација на бесправно изградените обкјекти на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, категоричен градоначалникот Александар Петрески. Тој додава дека и со нив и без нив, мнозинството ќе ги изгласаше овие точки на дневен ред.

„Ние не доцниме, задоцни Владата поточно Министерството за транспорт и врски со измена на законот каде што имаше пропуст во законот за легализација, со кој пропуст ние не можевме да им излеземе во пресрет на граѓаните. На овој начин им се овозможува. И знаете дека не менува дали советниците ќе гласаат или не, се работи за политички маркетинг на советниците на ВМРО – ДПМНЕ, дека еве ние не опструираме“. – нагласи Петрески.

Томислав Тунтев го пренесе ставот на СДСМ. Нема ништо спорно да се подржат, прифатат и усвојат предлог одлуките за легализација на бесправно изградените објекти, вели Тунтев. Додаде, дека истите се во интерес на граѓаните бидејќи законодавецот им дал таква можност.

petreski„Овој состав на Советот има полн легитимитет, како што имаше досега во изминативе 4 години, и ние од заклетвата кога ја дадовме дека ќе ги почитуваме законите, ги почитуваме законските акти со полн легитимитет до 24 март најкратко, имаме право да носиме одлуки во интерес на граѓаните“-вели Тунтев.

Во дискусијата за легализација на бесправно изградените објекти се вклучи и раководителот на секторот за урбанизам Бранко Арнаудов,. Тој информира дека легализацијата на бесправно изградените објекти не оди така лесно и не зависи само од нив.

„Ние редовно имаме уште 6 илјади барања во постапка. Од 11 000 може да се провери коплку предмети и како се решени. Во последниот извештај што ние го доставивме до ЗЕЛС 6 990 се запрени во постапката од различни аспекти“.

Предлог одлуките кои се однесуваат на утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување на бесправни објекти, едногласно беа усвоени од страна на охридските советници. Само првата точка, предлог Одлука за усвојување на Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот од 01.07.- 31.12.2012 година, на предлог од градоначалникот Петрески беше одложена поради неприсуство на претставник од СВР Охрид.

{loadposition content9}