Skip to main content

РЦСОО ,,Ванчо Питошески” – Охрид

Одржан 12. меѓународен натпревар на ученици од угостителско-туристички училишта (GАTUS 2024)

Учениците од РЦСОО ,,Ванчо Питошески” – Охрид освоија два бронзени и еден сребрен медал.
 |  инфодеск  | 

Во период од 5ти октомври до 8ми октомври се одржа 12-тиот меѓународен натпревар на ученици од угостителско-туристички училишта (GАTUS 2024).

На натпреварот учествуваа 12 училишта од поранешните југословенски републики: Охрид (Македонија), Марибор, Ново Место и Радовљица (Словенија), Бања Лука и Приједор (Босна и Херцеговина), Белград и Смедерево (Србија), Опатија, Осијек и Сплит (Хрватска), и Бар (Црна Гора).

Домаќин на натпреварот беше угостителско-туристичката школа Осијек- Република Хрватска.

Учениците се натпреваруваа во следните дисциплини: готварство, угостителско послужување и подготовка на тридневен туристички аранжман.

Учениците од РЦСОО ,,Ванчо Питошески” – Охрид освоија два бронзени и еден сребрен медал во следните дисциплини:

ГОТВАРСТВО:

– Валентин Матоски

– Павел Илијовски

– Михаил Гулабовски

ментор: Војо Ангелоски

УГОСТИТЕЛСКО ПОСЛУЖУВАЊЕ 

– Теона Талевска

– Контантин Мурговски

– Јован Андов

ментор: Васил Талевски

ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАН 

– Петар Ѓорѓиев

– Вероника Ѓуракова

– Габриела Ѓореска

ментор: Марија Ѓорѓиоска

На учениците и менторите им беа доделени сребрени и бронзени дипломи.

За сите учесници беше организирани едукативни излети во Копачки Рит и презентациско-едукациски центар Тиквеш.

Домаќин на следниот натпревар ГАТУС 2025, ќе биде градот Бар, Црна Гора.