Skip to main content

Изложбен салон при центар за култура григор прличев

Одржана изложба на слики од повозрасни сликари и сликарки

Во Изложбениот салон при Центарот за култура „Григор Прличев“ синоќа беше одржана изложбата на повозрасни сликари и сликарки од Охрид.
 |  инфодеск  | 
Изложба на слики

Синоќа во изложбениот салон при НУ Центар за култура ,,Григор Прличев” Охрид, се одржа изложба на слики од повозрасни сликари и сликарки од Охрид. 

Беа изложени слики од: Јордан Манасиевски, Љубица Чифлигароска, Васка Опелоска, Ленче Војнеска, Јонче Силјановски, Данче Наумоска, Ленче Кошаркоска, Силвана Колчак, Александар Патчев, Разменска Суклоска, Ковиљка Малезанов, Ѓоко Симјановски, Олга Василевска и Слободанка Димоска. 

Изложба на слики

Со свои музички перформанси настанот го збогатија ученици од Средно музичко училиште ,,Тодор Скалоски Тетоец” од Струга, Ѓоко Чеменкоски – соло пеење, Андреј Наумоски и Хадив Селманоски – Дуо Виолина и Бојан Здравески на Хармоника, како и најмалите членови од Балетско студио ,,Соната”.

Изложба на слики
Изложба на слики

Изложбата ја организираше Женски Центар ,,Бисера” од Охрид и Локалната агенција за развој од Струга, во рамките на проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи”, координиран од Црвениот крст на Република Северна Македонија и Црвениот крст на Србија и поддржан од Европската Унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст.