На 27 септември 2024 година ОСУ „Св. Климент Охридски“ беше домаќин на Македонско-американската Алумни Асоцијација (МААА), која со поддршка на Амбасадата на САД во државава одржа презентација за Академијата за жени-претприемачи.
Учество зедоа ученички од трета и четврта година, како и овогодинешната победничка на Академијата, Марта Пејоска, поранешна гимназијалка од истото училиште.
– На учениците им беа претставени поимите претприемништво и бизнис план, но исто така добија прилика да го слушнат искуството од Марта Пејоска од прва рака, да поставуваат прашања и да разменат идеи и искуства, се вели во соопштението до ОСУ „Св. Климент Охридски“.