Skip to main content

Црвен крст Охрид

Одржана работилница во охридскиот затвор на тема: „Превенција на менталното здравје кај младите осуденици“

Работилницата беше реализирана од страна на Црвен крст Охрид, а во рамки на одбележување на Светскиот ден на менталното здравје – 10 Октомври.
 |  инфодеск  | 

Од Црвен крст Охрид информираат дека во КПУ Затвор Охрид во рамки на одбележување на Светскиот ден на менталното здравје – 10 Октомври, реализираа нова и значајна работилница на тема „Превенција на менталното здравје кај младите осуденици“.

Работилницата се одвиваше во пријатна и инспиративна атмосфера, поттикнувајќи отворен дијалог, взаемна поддршка и интерес за нови теми кои ќе бидат обработени на идните средби. Заедно создаваме простор за разбирање, промена и личен раст, велат во соопштението од Црвен крст Охрид.