
Стотина вљубеници на планинскиот велосипедизам, од цела Македонија ја одржаа Четвртата велосипедска тура во Дебрца, која годинава во организација на Здружението за планински велосипедизам Rupicapra MTB Adventure team се вози од село Лактиње до Славеј Планина.

Градоначалникот Зоран Ногачески ги поздрави учесниците на планинска велосипедска тура, и истакна дека општина Дебрца располага со доста неоткриени природни убавини, кои што се привлечни за љубителите на природата, екологисти, планинари, а во поново време и љубители на планински велосипедизам, а изрази и благодарност до Амбасадата на СРГерманија во Македонија, која преку програмата за мали проекти го поддржа проектот „Патеки на откривање“.

Проектот ,,Патеки на откривање” е имплементиран од страна на здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ Струга,а со кој се маркираа шест велосипедски патеки,со вкупна должина од 210км, на планините Стогово,Караорман,Илинска и Славеј Планина.
-Општина Дебрца во целост го поддржува овој спортско-рекреативен настан, бидејќи преку истиот се промовираат здравиот начин на живот, природните убавини, историското и културното наследство на општината, се вели во соопштението.