Skip to main content

Одржано Годишното собрание на Здружението на рударски и геолошки инжиниери во Охрид

Македонија е земја богата со минерали во иднина треба да се работи на современи и еколошки методи за нивно искористување. Како дел од зелената транзиција, фотоволтаици, ветерници и водени турбини треба да ги заменат загадувачките индустрии. Ова се дел од заклучоците на Годишното собрание на Здружението на рударски и геолошки инжиниери во Охрид.
 |  инфодеск  | 

Воведување на зелени технологии за производство на  електрична енергија е главниот предизвик пред кој е исправена нашата земја. Како дел од зелената  транзиција. фотоволтаици, ветерници и водени турбини  треба да ги заменат загадувачките индустрии. Ова се дел од заклучоците на Годишното собрание на Здружението на рударски и геолошки инжиниери.

Посебно индустриите кои што производуваат електрична енергија да ги заменат со обновили  извори на  електрична енергија.  Рударството е многу битен фактор, од проста причина што рударството треба да ги обезбеди тие метали, минерали кои што ги направат функционални овие зелени технологии, вели проф д-р Горѓи Димов геолог.

Во тек е подготовка на два нови закони за рударство и геологија, според експертите во нив се вклучени сите еколошки елементи.

Веќе се започнати онаа процедура за хомогенизација за законите од Европска за Унија, но по мене мислам дека Законот, кога ќе ги помине сите амандмански процедури се надевам дека  ќе биде модерен Закон кој што ќе одговори на моменталната соостојба  во Макелнија и она што не  чека во иднината, вели проф д-р Зоран Панов професор по рударство.

Ако во минатото професијата рудар беше на маргините, денес се враќа интересот. Во однос на безбедноста на рударите, експертите велат таа е на високо ниво во земјава.

Новинар Соња Рилковска