Skip to main content

Одржана работилница на тема „Полицијата и медиумите јакнење на меѓусебната доверба“

Одржана работилница  на тема   „Полицијата и медиумите јакнење на меѓусебната доверба“.

 |  Валентина Неловска  | 

„Полицијата и медиумите јакнење на меѓусебната доверба“ беше темата на првата работилница од ваков вид во регионот.  На заедничка маса седнаа и разговараа на оваа тема  претставници од  медиумите и локалната полиција.

„Направивме медиумска презентација на полициската работа. Зошто е потребно да се работи поинтезивно на транспарентност, зошто е потребно новинарите да ги почитуваат полициските правила и процедури на терен  и зошто е потребно полициските службеници да ги запознаат активностите на новинарите и да ги познаваат нивните права и обврски, да ги почитуваат истовремено и да се придржуваат кон нивната работа кога доаѓаат на терен наместо на тешко кривично дело или сообраќајка“, истакна при тоа портпаролот на СВР Стефан Димоски.

Се направи преглед на емириско истражување од Стефан Димоски, на неговиот магистарски труд во рамките на Медиумската презентација на полициското работење. Од тоа произлегуваат и неколку потреби кои се јавуваат во пракса.


„Спроведено е истражување на 3 целни групи, новинари, полицајци и граѓани. Направен е преглед  за најважното  да се извлече колку полицијата  и новинарите меѓусебно се познаваат во работата. Како граѓаните ја перцепираат работата на полицијата како институција, што недосатува за да се подигне степенот на транспарентност на полицијата. Добивме податоци кои упатуваат дека 75 посто од граѓаните кажале дека се транспарентни,  но 10 посто помалку од новинарите кажале дека треба да работиме кон отварање на иснституцијата кон јавноста и граѓаните“, истакна  Димоски.  

Работилницата на тема  „Полицијата и медиумите јакнење на меѓусебната доверба“ беше поддржана и од Мисијата на ОБСЕ во РМ.