Одржана средба меѓу охридскиот градоначални Стојаноски и хотелиерите
Одржана средба меѓу охридскиот градоначални Стојаноски и хотелиерите. Општина Охрид ќе ги чуе нивните размислувања како до повеќе странски туристи преку организиран настап на туристичките саемски манифестации. На средбата ќе се утврдат целните пазари на кои ќе настапува туристичката бизнис заедница.
Градоначалникот Јован Стојаноски ги слушна размислувањата и потребите на охридските хотелиери и туристички субјекти. Средбата e иницијатива на Локалната самоуправа со цел за организиран настап на престојните туристички саеми, изјави охридскиот градоначалник Јован Стојаноски.
„ За да имаме организиран настап ќе одиме на зацртана агенда на Локалната самоуправа да разговараме со дирекните актери со бизнис секторот. Да разговараме што треба да направи општината за да имаме добар настап , а првичната цел на разговорот е да утврдиме на кои се целни пазари кои општина Охрид треба да ги потпомага хотелиерите и бизнисмените поврзани со туризмот“, истакна Стојаноски .
Повеќе гости и приход од туризмот е заедничкиот интерес на градот и туристичките фактори. Во моментов на меѓународната туристичка берза се одржува саемот во Утрехт, Холандија, а веќе во февруари следуваат туристичките саеми во Белград, а потоа и во Софија. Трошоците за учество на саемите се високи, па треба да се планираат за таа намена и пари.
„ Сакаме да го чуеме нивното размислување и на тој начин да го измениме буџетот. Да се издвојуваат буџетските средства во склад со целните сегменти и граѓаните, во случајов туристичкиот сегмент, хотелиерите и туристичките работници“, вели Стојаноски.
Во тек е изработката на Стратегијата за туризам од Свис Контакт која се очекува наскоро да биде завршена . Во неа ќе ги има стратешките правци во кои ќе се движи туризмот во Охрид, најави градоначалникот Јован Стојаноски.