Средба на градоначалникот Георгиески и Литлџон заменик шефот на мисијата од Американската амбасада
На работната средба е разговарано за активностите на општина Охрид. Шефот на мисијата даде поддршка за предвидените проекти.
Градоначалникот Константин Георгиески имаше работна средба со Џенифер Литлџон заменик шеф на мисијата од Американската амбасада. На средбата се разговараше за тековните проекти кои ги реализира општина Охрид.
Соговорниците разговараа и за препораките од УНЕСКО, за кои градоначалникот Георгиески истакна дека најголем дел се завршени, а другите активно се спроведуваат.
Се разговараше и за долгот на општината и странските инвестиции во градот.
Шефот на мисијата, Литлџон, при тоа ја потенцира нивната поддршка за реализацијата на предвидените проекти и својата подготвеност за давање идеи кои ќе придонесат полесно спроведување на проектите.