Одржана втора јавна расправа за реконструкцијата на кејот
Одржана втора јавна расправа за реконструкцијата на кејот. Позитивни мислења дале сите надлежни институции, а се чека одговор од Светска банка која ќе го финансира најголемиот дел од градежните зафати. Работите на изградба би почнале на почетокот од следната година.
Општина Охрид одржа втора јавна расправа за реконструкцијата на градскиот кеј. Според проектот шеталиштето ќе се реконструира во должина од еден км од пристаништето до хотел Милениум, а во ширина ќе се продолжи во езерските води за 96 цм . Реконструкцијата ќе чини 1,2 милини евра финансиски средства кој ќе се обезбедат за проектот од Светска банка и дел од буџетот на општината.
„ Неопходна е реконструкцијата на кејот. Проектот е одобрен од сите институции, од Управата за заштита на културното наследство, од Министерството за животна средина , изработен е елаборат за заштита на животната средина во постапка е стратешка оценка за влијанието за животна средина при реконструкцијата“, напомена градоначалникот Стојаноски.
Според стручното мислење дадено од ЈНУ Хидробилошки завод од Охрид реконструкцијата на шеталиштето нема да предзивика еколошки проблеми врз животната средина и водите во литералниот дел. Упатуваат само една забелешка во однос на технологијата на изведување на градежните зафати и примената на градежни материјали .
„Се што ќе се употреби како гредежен материјал да биде од потекло од сливното подрачје песокот, чакалот за да нема внесување на нови видови , неавтохтони кои не се среќаваат во Охридското езеро“, вели д-р Талески од ЈУ На ин Хидробиолошки завод.
Исто така и од Капетанија на пристанишата на РМ дале позитивна оценка за градежните активности за шеталиштето да добие совреме лик .
„ Нема забелешка во ширењето на кејот бидејќи во определена мерка не зафаќа во длабоката вода каде што се одвива поактивна пловидба на бродовите нема забелешки“, истакна Устијаноски.
За да стартува проектот се чека зелено светло од Светска банка и одобрението за градба од Министерството за транспорт и врски. Најдоцна за еден месец ќе се знае дали реконструкцијата ќе почне од нова година, а градежните активности треба да завршат до јуни 2019 година.