Skip to main content

Рационално искористување на просторот без злоупотреби

Одржлива урбанизација ќе ги искорени дивоградбите

Потребна е урбанизација, која предвидува повеќе зеленило, еко градби, паркинзи, сообраќајни решенија, а тоа е основата за зачувување на статусот на УНЕСКО.
 |  инфодеск  | 
Охрид од стар град

Дивоградбите може да се искоренат само со одржлива урбанизација. Потребни се правилни и навремени урбанистички решенија за стопирање на нелегалните градби смета научната фела. Во недостиг на детални урбанистички планови во охридско – струшкиот регион регион секојдневно никнуваат нови дивоградби.
Потребна е урбанизација, која предвидува повеќе зеленило, еко градби, паркинзи, сообраќајни решенија, а тоа е основата за зачувување на статусот на УНЕСКО.

„Јас сметам дека урбанизмот треба да биде во прв план да се урбанизираат селата за да не добиваме диви градби. Проблемот со диви градби е круцијален проблем на пристапот што го има УНЕСКО во овие услови. Ние постојано зборуваме за диви градби, а немаме наша иницијатива да дивите градби ги победиме со претходно донесени урбанистички решенија со кои рационално ќе се искористи просторот“, вели професоротНауме Мариноски.

Во стратегијата за туризам на ФТУ беше предвидена урбанизација на селските средини, на што реагирале невладините организации, кои под урбанизација подразбираат изградба на згради. Правилна урбанизација значи рационално искористување на просторот, односно негова намена со што ќе се избегне злоупотребата на просторот, појаснува Мариноски.

„Невладиниот сектор пред се мислеше дека со тоа ќе се градат згради, дека тоа ќе го девастира просторот во смисла на тоа дека ќе имаме само супраструктура, не напротив урбанизацијата претставува основа за да не додје до диви градби, да се заштити просторот. Не можеме да дозвoлиме да имаме трње покрај брегот само за да ги сочуваме живеалиштата на одредени животни кои се непријатни за туристите. Уредувањето на просторот треба да оди паралелно со процесот на искоренување на дивите градби, кои може да се искоренат само со урбанизација“, вели Мариноски.

Научната фела смета дека општинската и државната власт треба максимално да се заложат за спроведување на препораките на Унеско, бидејки тој статус е бренд, поттик, инсипрација и имиџ за развој на туризмот.
Новинар Соња Рилковска