СВР Охрид
Одземено оружје од 27 годишен охриѓанец кој ги поседувал без соодветна дозвола
Од најновиот билтен на СВР Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 27 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. При претрес извршен по судска наредба во неговата куќа во охридското село Сирула, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 2 ловни и 1 пневматска пушка кои, пријавениот ги поседувал без соодветна дозвола. При тоа, одземено е и оружје за кое пријавениот поседувал соодветна дозвола.






