Skip to main content

Лифт за лица со посебни потреби

ОЕМУЦ доби нови компјутери и смарт табли

По распишан тендер и јавна набавка со средства од Општина Охрид, училницата по информатика се опреми со 25 нови компјутери со високи перформанси. Вредноста на инвестицијата е 580.000 денари.
 |  инфодеск  | 
Оемуц

Градоначалникот на Охрид денес во посета на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. Училиштето со финансиска поддршка на локалната власт доби нова најсовремена опрема која го олеснува воспитно образовниот процес, а на учениците им овозможува пристапот до информации.

По распишан тендер и јавна набавка со средства од Општина Охрид, училницата по информатика се опреми со 25 нови компјутери со високи перформанси. Вредноста на инвестицијата е 580.000 денари.

Во четиринаесет училници се монтирани смарт табли со озвучување во вредност од 1.200.000 денари, а набавени се и 180 училишни клупи и столови за кои општината издвои 2.900.000 денари, информира Пецаков.

Оемуц

Локалната самоуправа заедно со МОН и поддршка на ЕУ обезбедија лифт и тоалети за лица со посебни потреби кои веќе се ставени во употреба. Вкупната вредност на проектот е 6.000.000 денари.

Учениците од ЕМУЦ–Охрид освоија прво место на натпреварот GreenTech Entrepreneurship Challenge во кој беа вклучени пет средни стручни училишта од Република Македонија. Од дизајнирање бизнис идеи базирани на зелени и одржливи технологии за најдобар беше избран проектот на охридските ученици. Тие изработија апликација за мобилен телефон за лоцирање депонии со цел побрзо решавање на овој проблем.

Неодамна во Скопје беше промовирана од петтата генерација на ученици кои се запишаа во паралелките со дуално образование. Бројот на запишани деца годинава е четириесет и два и радува фактот што овој број од година во година расте, а тројца ученици од првата генерација веќе се вработени во „КОСТАЛ“. Од седумнаесетте ученици од првата завршена генерација десетмина добија меѓународен сертификат, Техничар за индустриска мехатроника – истакна градоначалникот Пецаков.

Оемуц