ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ со одлични резултати на државниот натпревар
Учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид повторно го потврдија својот квалитет и знаење, освојувајќи бројни награди и признанија на Државниот натпревар за средни електротехнички, машински и сообраќајни училишта, што се одржа на 8 и 9 мај во Кавадарци. Со освоени први, втори и трети места и пофалници, како и презентација на иновативни трудови од струката, охридските средношколци уште еднаш покажаа дека стручното образование има светла иднина.

На државниот натпревар, кој ги обединува знаењето, талентот и иновативноста на младите од стручните училишта во Македонија, учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ постигнаа значајни успеси во повеќе струки.

Во профилот „Електроника и телекомуникации“, Димитар Шерементоски го освои првото место, додека Ангелина Симиџиоска се закити со второ место во категоријата „Техничар за индустриска мехатроника“.
Втори места освои и Бојана Илиеска во категоријата „Техничар за производно машинство“, а трети места освоија Христина Василевска – „Техничар за патен сообраќај“ и Ангела Божиноска – „Машински техничар“.
Пофалници за своите резултати добија Христијан Белески (Електротехничар енергетичар), Ксенија Димоска (Електротехничар за компјутерска техника и автоматика), Стефан Димитриески (Машински техничар за моторни возила) и Сара Божиноска (Техничар за компјутерско управување).


Особено внимание привлекоа и трудовите од струката КТИА. Учениците Јана Кузманоска, Марко Попоски и Александар Стојаноски го претставија проектот „АИ базирана верзија на паметна соба“, додека Андреа Савиќ, Славчо Мургоски и Кети Јоноска го претставија трудот „Транспортен систем за автоматско препознавање и сортирање на предмети според боја“.
Од училиштето упатија честитки до сите ученици и ментори за успешното претставување и постигнатите резултати, потенцирајќи дека нивниот успех е доказ дека трудот, знаењето и тимската работа секогаш носат резултати.


