Skip to main content

Образование

ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и годинава најдобри на балканот во роботика

Тимот на ОЕМУЦ го освои првото место на меѓународниот натпревар од областа на електротехника и мехатроника во силна конкуренција од училишта од седум држави.
 |  инфодеск  | 

Ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ повторно прваци на меѓународниот натпревар по роботика „Балкан јуниор 2024“, кој се одржа на 24.05.2024 година, на денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, во Истанбул.

На XI -тиот по ред меѓународен натпревар по роботика Балкан јуниор 2024 учествуваше тимот составен од учениците Кристијан Толески III -4, Горазд Јованоски III-3 од профилот – Електротехничар за компјутерска техника и автоматика и менторите м-р Љупчо Балески, м-р Сања Јованоска. Тие го освоија ПРВОТО место во силна конкуренција од 7 Балкански држави.

Директорот на ОЕМУЦ, Сашо Недески упати јавна благодарност до сите предметни професори кои беа вклучени во проектот, а посебно до професорите Владо Јанкулоски од електротехничка струка и Тоде Дукоски од машинската струка.

Учениците од ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“, ТРЕТ пат по ред ја освојуваат ПРВАТА награда на овој престижен меѓународен натпревар.

БАЛКАН ЈУНИОР  претставува  меѓународен натпревар од областа на електротехника и мехатрониката. Целта на проектот е поврзување на стручните училишта од областа на машинството и електротехниката, унапредувањето на знаењето и споредување со други училишта, размена на искуства,  потикнување на креативноста и промовирање на меѓукултурната соработка. Натпреварот се реализира секоја година во едно училиште од редот на училишните партнери од Србија, Турција, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија, Хрватска и Македонија.