Skip to main content

ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Горазд Јованоски е првенец на генерација на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Првенец на генерацијата 2025 година во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ е Горазд Јованоски од електротехничката струка во профилот Електротехничар за компјутерска техника и автоматика.
 |  инфодеск  | 

Првенец на генерацијата 2025 година во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ е Горазд Јованоски од електротехничката струка во профилот Електротехничар за компјутерска техника и автоматика.

Како што информираат од школото, своето образование го започнал во ООУ „Григор Прличев“ – Охрид, каде добил диплома за континуиран одличен успех. Љубовта кон математиката и логичкото размислување ја изразувал уште од најрана возраст преку училишни и „Brainobrain“ натпревари, каде освојувал бројни награди.

Во текот на средното образование Горазд постојано го докажуваше приматот на вреден ученик, кој сите четири години ги заврши со континуиран одличен успех и примерно поведение. Се истакнуваше во областа на мехатрониката, информатиката како и со својата скромност, трудољубивост и подготвеност да помогне на секого, се вели во соопштението од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

Како негови позначајни успеси ги истакнуваат:

– Прво место на меѓународниот натпревар „Balkan Junior 2025“ во Истанбул, Турција – тимски успех во конкуренција на 7 балкански држави,

– Прво место на училишниот натпревар по и информатика и програмирање за средни училишта,

-Финалист во „ultiMATH Mathematics Competition“ организиран од BrainsterNEXT, каде беше меѓу најдобрите 50 ученици од целата држава и доби стипендија за ИТ-факултетот BRAINSTERNEXT.