Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се одржа средба на Комисијата за дуално образование

Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид, вчера се одржа редовната средба на Комисијата за дуално образование, организирана од Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија (AHK).
На средбата беа презентирани активностите и резултатите од спроведувањето на дуалното образование во изминатата учебна година, со посебен акцент на соработката меѓу училиштето, компаниите и институциите вклучени во овој модел на образование.


Претставниците на Комисијата разговараа и за планираните активности за тековната учебна година, со цел дополнително унапредување на практичната настава и професионалниот развој на учениците.

Во рамки на посетата беа претставени и реновираните и модернизирани училишни работилници, каде што учениците ја реализираат практичната настава. Новата опрема, подобрените услови и унапредените стандарди за практична обука треба да придонесат кон поквалитетна реализација на дуалното образование.


Средбата помина во конструктивна атмосфера, со заедничка определба на училиштето, компаниите и институциите за продолжување на соработката и создавање подобри услови за стекнување практични знаења и вештини кај учениците.






