Од OЕМУЦ „Св. Наум Охридски” – Охрид информираат дека во училиштето од страна на Интерстаб Скопје е доставена опремата Hidraulic and pneumatic training set. Појаснуваат дека опремата е набавена преку проектот на RCF фондот во кој партнери се нивното училиште и компаниите ЛТХ Леарница, Костал и ОДВ Електрик. Опремата има вредност од 100 000 евра.
-Заедно со останатата опрема и машини кои треба да пристигнат во наредниот период ќе се заокружи една целина за успешна реализација на наставниот процес особено практичната настава и вежби, додаваат во нивното соопштение.
Од школото упатуваат благодарност до РЦФ фондот, компаниите партнери на ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ и добавувачот на опремата Интерстаб Скопје.