OЕМУЦ ”Св. Наум Охридски” – Охрид доби своја химна. Конечно идејата која долго време се разгледувала во школото конечно се оствари, создадена по повод патрониот празник.
-На иницијатива на професорката по Македонски јазик и литература, Жармена Китрозоска се направи училиштен бенд составен од наши вредни ученици, идни инженери. На овој свет ден ја објавуваме химната за Св. Наум Охридски, на ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” – Охрид. Голема благодарност до Димче Китрозоски, што направи прекрасна песна, на Јана Кузманоска што напиша одличен текст, на помошта на професорот по Музичка култура Славчо Китаноски, на нашата ѕвезда Благојче Тодоровски што ја отпеа песната, на преталентираната флејтистка Марија Лазаревска, на тројката гитаристи Анастасија Секулоска, Андреј Јованчев и Бојан Бандулиев, на басистот Кристиан Трифуноски и посебно сме благодарни на Ангел Крстески кој со знаковен јазик овозможи да ја ,,слушнат” и оние што не можат да ја слушнат, велат од школото.