Високо 8 место за ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид во конкуренција на 100 средни училишта

ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид се најде на високото осмо место во конкуренција на 100 средни училишта во Македонија, според успешноста во примената на вештачката интелигенција.
Успехот е резултат на посветеноста и активното учество на тројца професори од училиштето, кои се меѓу првите 100 учесници што ја завршија деветмесечната програма за вештачка интелигенција, организирана од Brainster Next College и Министерството за образование и наука.

На свечениот настан што се одржа вчера во просториите на Brainster Next College, професорите добија сертификати „Лидери за вештачка интелигенција во средното образование“. Признанијата им ги врачија министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, основачот на Brainster Next College, Петар Ниновски, и директорот Александар Клашниновски.
Меѓу наградените професори од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се:
- м-р Сања Јованоска
- Александра Настоска Николoска
- Стојан Новески
Од училиштето посочуваат дека нивната посветеност, активното учество и подготвеноста за усвојување и примена на нови дигитални алатки придонеле ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ да се вброи меѓу најуспешните училишта во земјата во оваа област.





