Skip to main content

Свети наум охридски

ОЕМУЦ успешен пример кој треба да се следи

Електромашинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“ континуирано и посветено работи на подобрување на условите и осовременување на наставниот процес. Денеска во училниците започна инсталирање на 14 паметни табли, кои значително ќе го подобрат квалитетот на наставата по сите предмети. Во тек е и реализација на зафати за подобрување на условите за учениците со посебни потреби. Денеска во посета на училиштето беше градоначалникот Пецаков кој истакна дека овој центар е успешен пример кој треба да се следи.
 |  Маја Савиќ  | 
Емуц Табли

Со 14 смарт табли, се модернизира наставниот процес во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. Со овие технички помагала ќе бидат опремени скоро сите училници во центарот со што ќе се подигне квалитетот на наставата по сите предмети.

Со несмалено темпо се движиме кон унапредување и модернизирање на наставата во нашиот училишен центар. Значи современата технологија директно се применува во наставата. Професорите во текот на месец август ќе бидат обучени за користење на паметните табли во наставата по сите предмети – истакна Сашо Недески, директор на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

Сашо Недески

Училиштето работи и на подобрување на условите за учениците со посебни потреб. Во фаза на реализација е и изградба на надворешен лифт за ученици со посебни потреби и два тоалети прилагодени за овие лица. Средствата во вредност од 120.000 евра се обезбедни преку проект на министерството за образование со грант од Европска Унија. Во рамки на истиот проект, ќе бидат поставени и пристапни рампи и соодветна сигнализација за лица со оштетен вид.

Ова училиште е успешен пример во образованието кој треба да се следи, истакна Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој денеска беше во посета на училиштето. Позитивните промени ги поддржуваме и сакаме како Локална самоуправа да бидеме дел од подобрувањето на условите во образованието, кажа градоначалникот.

Ова училиште во изминатите години драстично го менува својот изглед и содржините во образовниот процес. Еден од најзаслужните за тоа е директорот со неговата енергија којашто ја вложува и затоа како Градоначалник одлучив мандатот којшто го има добиено од претходната локална власт да го доврши и сето она што е успешно треба да се почитува и сметам дека тоа е правилниот начин на кој што треба да се движиме – вели Пецаков.

Емуц табли

Паметните табли и LCD проектори кои денеска се монтираат во ЕМУЦ се набавени со средства од Буџетот на Општина Охрид во вредност од 1 200 000 денари.

Градоначалникот најави дека во наредниот период ќе следуваат низа нови инвестиции во овој училишен центар и во другите образовни установи, а посветено се работи и на проект за раздолжување на училиштата.