По повод официјално отворање на Касарна Хаб, Стелар Солушнс беше домаќин на 17 амбасадори и претставници на амбасадите предводени од шефот на Делегацијата на Европска Унија во Скопје – амбасадорот Дејвид Гир.
Неофицијално отворен уште минатиот јули, Касарна Хаб е стартап центар кој со своите досега спроведени активности и соработки веќе станува водечки иновативен центар во регионот – изјави амбасадорот Дејвид Гир.
Како дел од проектот Ohrid Go, кофинансиран од Европска унија, а спроведен од Стелар Солушнс во партнерство со општина Охрид, Касарна Хаб има за цел да ги поддржи добрите идеи да прераснат во нови иновативни бизниси и да се поттикнат технолошки иновации.
Можностите за развој на овој простор се огромни и сметаме дека истите треба да се искористат. Резервирани се и средства за физибилити студија која има за цел овој јавен простор да го заштити, да ги препознае потенцијалите и како таков да биде во служба на граѓаните – изјави амбасадорот Гир.
Досега спрoведени се 35 настани со преку 700 посетители, остварени се соработки со над 20 граѓански организации, компании, универзитети и средни и основни училишта.
Сместен во прекрасна природа во старата воена касарна во Охрид, хабот располага со коворкинг простор за работа на дигитални номади како и место за дружба и вмрежување.
Во продолжение изјавата на амбасадорот Дејвид Гир.