Skip to main content

Старт-ап центар

Официјално отворање на Касарна Хаб со присуство на 17 амбасадори од ЕУ земји

Досега спрoведени се 35 настани со преку 700 посетители, остварени се соработки со над 20 граѓански организации, компании, универзитети и средни и основни училишта.
 |  инфодеск  | 
Дејвид Гир

По повод официјално отворање на Касарна Хаб, Стелар Солушнс беше домаќин на 17 амбасадори и претставници на амбасадите предводени од шефот на Делегацијата на Европска Унија во Скопје – амбасадорот Дејвид Гир. 

Неофицијално отворен уште минатиот јули, Касарна Хаб е стартап центар кој со своите досега спроведени активности и соработки веќе станува водечки иновативен центар во регионот – изјави амбасадорот Дејвид Гир. 

Дејвид Гир

Како дел од проектот Ohrid Go, кофинансиран од Европска унија, а спроведен од Стелар Солушнс во партнерство со општина Охрид, Касарна Хаб има за цел да ги поддржи добрите идеи да прераснат во нови иновативни бизниси и да се поттикнат технолошки иновации.

Можностите за развој на овој простор се огромни и сметаме дека истите треба да се искористат. Резервирани се и средства за физибилити студија која има за цел овој јавен простор да го заштити, да ги препознае потенцијалите и како таков да биде во служба на граѓаните изјави амбасадорот Гир.

Досега спрoведени се 35 настани со преку 700 посетители, остварени се соработки со над 20 граѓански организации, компании, универзитети и средни и основни училишта. 

Амбасадори

Сместен во прекрасна природа во старата воена касарна во Охрид, хабот располага со коворкинг простор за работа на дигитални номади како и место за дружба и вмрежување.

Во продолжение изјавата на амбасадорот Дејвид Гир.