Пуштен во употреба реконструираниот пат Охрид Свети Наум. После четири децении патот во должина од 24 километри, конечно е целосно рехабилитиран, со нова сообраќајна сигнализација. Станува збор за една од најфрекрфентните делници која води кон плажите, НП Галичица и соседна Албанија.

Со овој проект ќе се олесни пристапот на туристите до најголемите туристички атракции на брегот на Охридското Езеро.
-Денеска имаме безбеден, прегледен и рехабилитиран магистрален пат на кој завршивме растеретување на косините, монтирање заштитна челична мрежа, ги подигнавме стандардот на безбедност на оваа делница, стакна Коце Трајаноски директор на ЈПДП.

Според премиерот инфраструктурата не е трошок, туку инвестиција во иднината на државата.
–Во моментов паралелно се градат неколку клучни патни правци, автопатот Кичево-Охрид силно се забрзува, делниците Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани се активни, а се работи и на подготовка за градба на делницата Букојчани-Кичево. Тоа значи дека целосно го затвораме автопатниот прстен во западна Македонија и тука не застануваме, рече премиерот Христијан Мицковски.

-Седум години имаше пустош во Македонија инфраструктурните проекти беа застанати како што беше и овој проект целосно застанат имаше бројни проблеми дали се однесуваа на реализација на проектот или лошо проектирање, влеговме и ги решивме, рече Александар Николоски минсиетрот за транспот и врски.

Новата делница од витално значење за регионот се очекува да се намали бројот на сообрајќајни несреќи и да се зголеми бројот на туристи.
-Ова е проект посакуван од дамнина сега веќе реализиран и треба да претставува поттик за решавање и изработка на проект кој на експресен начин ќе го олесни и сообраќајно ќе ги реши двете најпосетувани дестинации „Заливот на Коските“ и „Св. Наум“, истакна градоначалникот Кирил Пецаков.

Охрид-Свети Наум е најзначајната туристичка и магистрална делница, која пред реконструкцијата на места беше речиси руинирана. Со инвестиција од околу 11, 7милиони евра, денес е нов и безбеден пат.

Новинар Соња Рилковска