Официјално започна изградбата на западната трибина на охридскиот стадион
Денеска на Градскиот стадион започна реконструкцијата на западната трибина. На официјалниот почеток на градежните зафати присуствуваа градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини.

„ Денес правиме значаен чекор за фудбалот во Охрид , но не само за Охрид , туку верувам и за целата земја. Благодарност до УЕФА со чии програми , после изградбата на едната трибина, ние ќе добиеме и изградба на нова трибина, т.е на јужната трибина на стадионот Билјанини Извори каде ќе има капацитет од 3 500 гледачи и заедно со другата трибина би се комплетирало до 5000 гледачи кадешто во иднина ќе можеме да добиеме еден стадион на кој ќе можат да играат сите репрезентации вклучувајќи ја и А репрезентацијата. Имаме добра соработка со градоначалникот Пецаков за што му се заблагодарувам за рекордното време за документацијата за да можеме да отпочнеме денес со реализација на овај проект.“ – изјави Сејдини

Овај проект е значаен за нас како локалната власт бидејќе сме во континуитет посветени на вложување во спортската инфраструктура на што како круна ќе ни дојде современ градски фудбалски стадион со А лиценца за одигрување на натпревари на репрезентативно и меѓународно ниво, изјави градоначалникот Пецаков.
„Модерно осветлување и следното во коешто ќе вложуваме тука ќе биде и нова трева со најнова технологија по принципот на скопскиот стадион за да имаме што е можно подобри услови за спортистите , не само за локалните клубови туку и за сите оние кои ќе гостуваат или ќе доаѓаат на подготовки во иднина. Повеќе од горд сум , година и пол разговаравме за самиов проект со претседателот на ФФМ , сега го доживува крајот , за нас најважно беше не само документационо да го завршиме во рекордно време туку и да го заокружиме паралелно да течат процесите да добиеме стадион каков што Охрид и Македонија заслужуваат.“ – изјави Пецаков.


За изградба на западната трибина обезбедени се финансии од ФФМ во износ од 3,3 милиони евра. Ќе се обноват и јужната и северната трибина со финансии обезбедени од општина Охрид по што охридскиот стадион ќе има околу 8000 седишта со што ќе ги задоволуваа стандардите на ФИФА и УЕФА за одигрување на меѓународни натпревари.
