Skip to main content

Црвен крст охрид

Оглас за личен асистент на лица со попреченост

Црвен крст Охрид со помош и поддршка на Општина Охрид организира обука за Личен асистент на лица со попреченост.
 |  инфодеск  | 
Оглас за личен асистент на лица со попреченост

Црвен крст Охрид е овластена организација за спроведување на обуки за Лични асистенти на лица со попреченост во Охрид и Дебрца, според верификувана програма.

Со цел развивање на услугите за долготрајна помош на лицата со попреченост од страна на квалификуван и професионален кадар, Црвен крст Охрид со помош и поддршка на Општина Охрид организира обука за Личен асистент на лица со попреченост. Обуката, која содржи теоретски и практичен дел, трае 2 месеци, а ќе се реализира во простории на Црвен крст Охрид, прилагодени и опремени со потребната опрема и помагала. Обуката ќе ја изведува наставен кадар-едукатори (доктор по медицина, медицинска сестра, социјален работник и дефектолог), пет дена во неделата, во период заеднички договорен. По успешно завршената обука кандидатот се стекнува со соодветен сертификат за Личен асистент на лица со попреченост.

Конкурсот за пријавување на кандидати за обука на Личен асистент на лица со попреченост ќе биде отворен од 10.05. до 25.05.2022. Ги очекуваме сите оние кои имаат желба и потреба да стекнат вештини и знаења за Личен асистент на лица со попреченост и бидат дел од тимот на Нега центарот на Црвен крст Охрид – велат оттаму.

Заинтересираните кандидати на возраст од 18-60 години, ќе можат да добијат повеќе информации на телефоните 046 261909 и 070 315309, на е-маил: ohrid@redcross.org.mk  или во просториите на Црвен крст Охрид.