Skip to main content

Шумско стопанство

Огревното дрво се продава по стара цена

Се шпекулира за двојно па дури и тројно покачување на сегашната цена за метар кубен огревно дрво. Од охридската поддружница на Македонски шуми, информираат дека продажбата во нивното стовариште е по лански цени.
 |  Валентина Неловска  | 
Огревно дрво

Продажбата на огревно дрво се одвива со вообичаено темпо на охридското стовариште од Македонски шуми. Досега до потрошувачите се доставени над 6000 метри кубни или 9000 просторни метри дрво, инфромира Славчо Голабоски, директор на ЈП Македонски шуми , подружница Охрид.

„Засега немаме пречки во снабдувањето со огревно дрво. Побарувачката на огревно дрво драстично е зголемена заради зголемување на цените на енергенсите како што се електричната енергија и пелетите. Се надеваме дека ќе одговориме на барањата на сите граѓани“, напоменува Голабоски.

Нелегачна сеча на огревно дрво

Голабоски ги демантира шпекулациите дека ќе има скок на цената на огревното дрво. Во јавноста кружат предвидувања и се негајѓа за двојно па дури и тројно покачување од сегашната цена. Цената на огревното дрво е непроменета во стовариштата на ЈП Македонски шуми па кубик буково и дабово дрво се продаваат по истата цена како и минатата година. Тоа не е случај со цените на приватните стоваришта кои може да продаваат по повисоки цени од оние во нашите стоваришта, кажува Голабоски.

„Цената на огревното дрво кај нас се регулира со ценовник кој го носи Владата. За да се измени ценовникот треба да се поднесе барање па следува процедура. Тоа е процес кој трае подолг период. Во овој момент нема најави за промена на цената. Граѓаните нема да платат повисока цена за огревното дрво од онаа што е сега на пазарот“, вели Голабоски.

Без проблем се реализира снабдувањето со дрва за граѓаните и членовите од Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца. Сите кои имаат склучено договор со Македонски шуми до почетокот на грејната сезона ќе бидат снабдени со огревно дрво,напоменува Голабоски. Цената на огревното дрво за меатр кубен се движи од 3.387 денари за буково дрво и 3.505 денари за дабово дрво.