Skip to main content

Културно лето

Огромен интерес за Вдиши театар

Тесен беше просторот во предворјето на црквата Св.Софија да ги собере сите оние кои вчера дојдоа да „ВДИШАТ ТЕАТАР“ .
 |  Голабовски Крсте  | 
Вдиши театар

Тесен беше просторот во предворјето на црквата Св.Софија да ги собере сите оние кои вчера дојдоа да „ВДИШАТ ТЕАТАР“ . Публиката беше дел од отворањето на Аматерскиот театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ кој во организација на Црвен крст Охрид по седми пат, се реализира од 22-24 јуни во Охрид.

Спектакуларен беше и настапот на театарската група на Црвен крст Охрид која изведе музичко-поетски перформанс „ТРЕБА ДА БИДЕМЕ ПОДОБРИ“. Претставата беше во режија на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц. Нашите млади и талентирани актери, преку стиховите на повеќе македонски поети: Ацо Шопов, Блаже Конески, Славко Јаневски, Анте Поповски, Гого Ивановски, Гане Тодоровски и Ива Дамјановски, на креативен начин ја претставија борбата на човекот со различни искушенија. Го пресликаа тешкиот пат на човекот низ очајот и рамнодушноста. Рецитираа за подемите и падови на човечката борба да излезе од лавиринтот на безнадежноста, но и надежта за подобро утре и подобри ние.

Вдиши театар

Втората вечер од театарскиот фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“, е резервиран за проекција на филмот „НА ПРАВ ПАТ“ во продукција на Црвен крст Ужице, денес во 18 ч., во Центарт за култура „Григор Прличев“. Во 21 ч., на сцената во предворјето на црквата Св. Софија свој настап ќе има театарската група на Црвен крст Битола со претставата „УМРИ МАШКИ“.

Влезот за сите претстави е слободен.