Огромен интересот за упис во УИНТ „Св. Апостол Павле“
Полни се ходниците на УИНТ „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Интересеот кај идните студенти за првиот уписен рок е огромен. Од раководниот кадар на оваа образовна институција велат дека современите нови студиски програми, кои започнуваат во новата академска учебна година, за сите три циклуси, се една од причините за ваквиот интерес.
„Универзитетот „Св. Апостол Павле“, оваа година, навистина оствари рекорден број на запишани студенти, од самото свое постоење, на што и јас и целиот тим на универзитетот сме особено среќни и горди. Сакаме да продолжиме со континуирано и посветено работење, со привлекување на студентите на сите наши факултати и сите студиски програми“, – кажа Проф. д-р Устијана Речкоска Шикоска – проректор УИНТ Св. Апстол Павле“.
Речкоска Шикоска, проректор на универзитетот Св. Апстол Павле“ подвелче дека оваа посветеност се покажала преку одржување на постојано високи стандарди во образованието и истражувањето, поттикнување на обемни меѓународни соработки, активно вклучување во проекти и подготвеност да се вклучат во партнерства со други институции, како на домашно, така и на глобално ниво. Додава дека изборот на оваа високо образовна институција од страна и на студентите и на младите истражувачи, е можност да се остане и твори во својот град и својата земја, во најплатените и најприменливи дејности од денешницата.
„Од првиот уписен рок сме навистина задоволни. Сами по себе информатичко-комуникациските технологии се еден навистина современ тренд и наоѓаат примена во сите области. Мислам дека овие млади генерации го препознаваат сето тоа.„Особено сакаме да апелираме до младите истражувачи и студенти да си останат и во Охрид, и во нашата држава, со можностите за онлајн работење, можат да работат во светот, а се сепак дома“, – објасни Проф. д-р Устијана Речкоска Шикоска – проректор УИНТ Св. Апстол Павле“.
Првиот, сега веќе рекорден уписен рок, заврши на крајот на месец август, а студентите ќе имаат можност да аплицираат уште два пати до крај на овој месец и тоа, на 19-ти и 20-ти септември и на 29-ти септември, вели Проф. д-р Устијана Речкоска Шикоска, проректор на Универзитетот Св. Апстол Павле“.