Skip to main content

поскапување на нафтените деривати

Огромен скок на цената на горивата

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, бензините поскапуваат за 5,50 ден/литар, а дизелот за рекордни 10 денари за литар.
 |  инфодеск  | 
Goriva
Регулаторната комисија за енергетика го објави најдрастичниот скок на цените на горивата во последните десетина и повеќе години – од полноќ, бензинот БС-95 поскапува за пет и пол денари по литар, бензинот БС-98 ќе се продава за цена поскапа за пет денари по литар, а најголемо е поскапувањето кај дизелот, чија цена се зголемува за дури десет денари за литар гориво.точење горивоОва се новите цени:– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 89,50 (денари/литар) – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,50 (денари/литар) – Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 85,50 (денари/литар) – Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 83,50 (денари/литар) – Мазут М-1 НС – 54,319 (денари/килограм)Регулаторната комисија денешното поскапување го објави со задоцнување од повеќе од шест часа и наместо напладне, како обично, новите цени ги соопшти по 18 часот.

More Coverage

Персонал на британската армија ќе почне да доставува гориво до бензинските пумпи ширум земјата од понеделник, соопшти британската влада.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28 % во однос на Одлуката од 05.07.2021 година.
Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за 1,5 денари, а дизел горивата поскапуваат за половина денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).