Skip to main content

Огромни камења поставени на брегот во Пештани

Големи камења поставени  на бегот во Пештани, со цел да се заштити патниот правец Охрид – Св. Наум од големи бранови и негово понатамошно нагризување. Пештанци се спротиставуваат на ова и велат наместо камења треба да се стават вертикални браници. Денеска во посета на Охрид, министерот за замјоделство, Љупчо Димоски.

 |  Татјана Маленкова  | 
kamenja
камења

kamenjaГолеми камења поставени  на бегот во Пештани, со цел да се заштити патниот правец Охрид – Св. Наум од големи бранови и негово понатамошно нагризување. Пештанци се спротиставуваат на ова и велат наместо камења треба да се стават вертикални браници. Денеска во посета на Охрид, министерот за замјоделство, Љупчо Димоски.
Продолжуваат активностите за заштита од полави. Денеска од центарот за управување со кризи и дирекцијата за заштита и спасување на брегот на езерото во селото Пештани поставуваа големи камења, со цел да го заштитат патниот правец од големи бранови и негово понатамошно нагризување. Пештанци се спровставуваат на денешните активности. Велат дека наместо камења треба да се постават специјални вертикални плочи за одбрана, какви што во минатото биле користени за заштита на колекторот.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димоски, кој денска беше во посета на Охрид, не беше запознаен со протестите на Пештанци, но потенцираше дека ова што во моментов се прави е за нивно добро, но и за заштита на патниот правец и колекторскиот систем. Тој потенцираше дека водостојот во езерото денаска е 24 см. над максималната кота, што значи дека не е променет во однос на вчерашниот ден.  Ситуациајата се држи под контрола,  додаде Димоски.

Министерот додаде дека владата ги вложува сите сили за да им излезе во пресрет  на барањата на сите, со што на граѓаните им се влева сигурност и смиреност дека ситуацијата е под контрола.
Дождот кој е најавен не верувам дека во голема мера ќе го зголеми нивото на езерото, истакна министреот Димовски. Тој даде коментар и на обвинувањата дека наместо песок врќите се полнеа со земја: „ Тоа е песок од реката Сатеска, не знам зошто ви смета што е со потемна боја“, истакна министрот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски.



{loadposition content9}