Skip to main content

ВМРО – ДПМНЕ: Огромни суми на средства за репрезентација потрошиле од СДСМ

ОК на ВМРО – ДПМНЕ на денешната прес конференција ги  обелодени податоците за потрошените средства за репрезенатации за време на 8 годишност владеење на охридските социјалдемократи. Од ДПМНЕ обвинуваат дека парите на граѓаните биле недомаќински потрошени од страна на СДСМ,  при што разликата помеѓу потрошените средства за репрезентации од 2005 до 2013 година била зголемена скоро десет пати.

 |  Николоска Биљана  | 
vmro - dpmne
вмро-дпмне

Огромни суми на средства за репрезентација биле потрошени од страна на СДСМ за нивното 8 годишно владеење, од 2006 до 2013 година, обвинуваат од владеачката партија. Тие денес и детално ги обелоденија цифрите. Најниската сума е забележана во 2005 година и истата изнесува  743, 572  денари додека пак во 2012 година за реперезентација потрошени биле 6, 593 415 денари. Советникот на ВМРО – ДПМНЕ Илија Арнаудов, вели дека сеуште останува нејасно како СДСМ се обидува да се амнестира од принципот на недомаќинско работење и енормно трошење на парите на граѓаните на Охрид. ilija arnaudovТој рече дека денес уште еднаш и за последне пат ги прашуваат охридските социјалдемократи: Колку пари се потрошени за службени патувања во времето од 2005 до 2013 година, време во кое тие беа на власт во Локалната самоуправа во Охрид ?

„Ваквите вртоглави милионски суми потрошени пари од граѓаните стрикно само за репрезентации не преставува ништо друго туку јасен показател за недомаќинското работење на СДСМ цели осум години. Низ прикажаните бројки јасно може да се согледа енормното зголемување на средствата за репрезентации и тоа со пропорционално зголемување од година во година со што разликата помеѓу потрошените средства за репрезентации од 2005 до 2013 година верувале или не се зголемени за скоро десет пати. Дури сега е јасно зошто СДСМ нема одговор за поставените прашања од страна на ВМРО ДПМНЕ а чии одговори пред се, се во интерес на граѓаните на Охрид. И уште појасно станува зошто цели осум години не согледавме отчетност и транспарентност“ – изјави Арнаудов.

{loadposition content9}