Skip to main content

ОУ „Св. Климент Охридски” – Охрид го одбележа – Меѓународниот ден на лица со инвалидност

Учениците од посебните паралелки, нивните другарчиња од редовните паралелки, наставниците- дефектолози, наставниците од одделенска и предметна настава и стручните соработници беа учесници во работилницата на која заеднички изработуваа накит.

 |  Голабовски Крсте  | 
rakotvorbi
ракотворби

децаУчениците од посебните паралелки, нивните другарчиња од редовните паралелки, наставниците- дефектолози, наставниците од одделенска и предметна настава и стручните соработници беа учесници во работилницата на која заеднички изработуваа накит.

Изработките ќе бидат презентирани на продажната изложба што ќе се организира во чест на Патрониот празник на ова училиште на 04. 12. 2014 во 18,00 часот во НУ Дом на култура ,,Григор Прличев” Охрид, пред отпочнување на свечената приредба. Во ова училиште од 1968 година се реализира настава за лица со пречки во развојот, односно за ученици со посебни образовни потреби. Во 3 паралелки распоредени се ученици на возраст од 7 до 14 години, а со нив работат 3 наставници – дефектолози. Учениците од посебните паралеки интегрирани се во секојдневните активности на училиштето, во воннаставните активности и секојдневно имаат прилика да другаруваат со своите врсници од редовните паралелки. Во училиштето постои долгогодишна традиција во негување на дух на толеранција и емпатија за секој вид различности како кај учениците, така и кај возрасните.

{loadposition content9}