Охриѓани без вода-ПРОАКВА чистеше резервоари
МЈП „Проаква“ во пролетна акција за чистење на резервоарите од кои Охрид се снабдува со вода.
Охриѓани денес во најголемиот дел од денот останаа без вода. Причина: најавената акција на меѓуопштинското јавно претпријатие „ПРОАКВА“ за чистење од талог на градските резервоари. Службите на претпријатието пред се ги сервисираа главните резервоари на локалитетот „Студенчишта“ преку кој, околу 70 проценти од градот се снабдува со вода за пиење, а има капацитет од над 3000 метри кубни.
„Денес во Проаква презедовме една поширока акција која е неминовна еднаш во годината мора да ја извршиме. Се работи на неколку сегменти, прво и основно се чистат главните резервоари, втора работа е промена на сите поголеми вентили или шибери дали има некој недостаток или од зимскиот период некој е оштетен и трета работа е воедно и чистење на големите профили на цевки.“-рече директорот на меѓуопштинското јавно претпријатие „ПРОАКВА“, Златко Старкоски.
Паралелно со чистењето на резервоарите, екипите на „ПРОАКВА“ акцијата ја спроведуваа и низ охридските улици каде беше вршена промена на вентилите и чистење на цевките. Со оваа акција беа опфатени околу 27 водоводни шахти низ градов.
Поради лошите временски прилики, чистењето на резервоарите што се наоѓаат кај Самоиловите тврдини и во населбата Орман ќе биде извршено во наредниот период.
{loadposition content9}