Skip to main content

општина охрид

Охридските државни шампиони во ракомет на средба со градоначалникот Пецаков

Градоначалникот Кирил Пецаков претпладнево ги прими ракометните шампиони на ГРК Охрид од пионерската лига кои синоќа во Битола понесоа убедлива победа пред нивните врсници од Еурофарм Пелистер 2.
 |  инфодеск  |  ,

Градоначалникот Кирил Пецаков претпладнево ги прими ракометните шампиони на ГРК Охрид од пионерската лига кои синоќа во Битола понесоа убедлива победа пред нивните врсници од Еурофарм Пелистер 2.

 Претходно во полуфиналето, охридските ракометни надежи беа подобри од врсниците од  РК „Вардар“.

Првиот човек на градов го изрази своето огромно задоволство и гордост за постигнатиот успех. Им се заблагодари на ракометните надежи за прекрасната игра и убедливиот триумф и посочи дека  и во иднина локалната самоуправа ќе го поддржува овој ракометен клуб.

ГРК Охрид  е предводен од Наум Бабачев, формиран е во 2011 година, а од 2013 година е подржуван од охридската локална власт.