Skip to main content

Охрид ќе одбележи сто години од смртта на револуционерот Патар Чаулев

Овој значаен јубилеј во чест на охридскиот војвода ќе биде одбелеан со премиерна изведба на драма под менторство на професорот Михаил Патчев.
 |  инфодеск  | 

Охрид ќе одбележи стогодишнина од смртта на Петар Чаулев.  Еден од најпознатите македонски револуционери од охридскиот регион. Член и раководител  на Македонската револуционерна организација, Чаулев се смета за  еден од позначајните ликови  во долгогодишната борба за ослободување на македонскиот народ.

Бил на чело на охридското востание и еден од потписниците на  Мајскиот манифест на ВМРО, со кој се обединуваат сите револуционерни сили на македонското ослободително дело во единствен фронт.

-Петар Чаулев активно е вклучен во македонското револуционерно движење ке учествува во Илинденското востание ке има негова чета која што ке брои повеќе од 200 луѓе. Знаеме дека востанието е крваво задушено особено во нашиот охридски регион а последиците биле страотни. Петар Чаулев заедно со христо узунов ке останат во овие краишта охридскиот регион да го штитат населнието и да прават планови како понатака да се развиува дејноста на организацијата, вели професорот м-р Михаил Патчев.

Чествувањето на еден век од смртта на војводата Чаулев ќе се добележи  со пригодна прогама а ке биде и  премиерно изведена    драмата Последниот лет на Чауев посветена на животот и делото на војводата.

– Ќе биде одбележан достоинствено како и за сите други македонски револуционери. Ќе има музичка програма ке биде изведена моја авторска драма Послендиот лет на Чаулев. Учениците од охридската гимназија Св Климент Охридски ќе земат свое учество под мое менторство. Имаме довојчиња и момчиња сметам дека достоинствено ќе го претставиме животот и делото на Чаулев а охридската публика ќе биде задоволна и ке има што да види, вели Патчев.

Драмата, во која улогите ги играат учениците од охридската гимназија ќе биде прикажана во понедленик во 15ч  во Спомен  куќата на Христо Узунов.

Новинар Соња Рилковска