Skip to main content

Апел за помош за 10-годишната Ева од Охрид

Апел за помош: Да спасиме 10-годишно девојче од Охрид – секоја донација значи надеж!
 |  инфодеск  | 

10 годишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман. Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри. Времето и дејствувањето се критични.

Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).

Се апелира до сите хумани граѓани доколку се во можност, да донираат средства за помош на Ева.

Mоментално единствен начин за донација е само преку платформата ecrowd.mk, а доколку се објават и други можности ќе објавиме навремено.