Skip to main content

Охрид конечно ќе добие затворен базен

Бакрачески се сретна со претставници за агенцијата за спорт и млади.

 |  Маленкова Татјана  | 
bazen
базен

Финишираат подготовките за изградба на затворен олимписки базен во Охрид. ТВМ дознава дека последната средба помеѓу градоначалникот и претставници од агенцијата за спорт и млади се одржала вчера во Охрид. На оваа средба  прелиминарно била одредена локацијата каде конечно ќе се гради затворениот олимписки пливачки базен кој во неколку наврати беше договаран, ветуван и најавуван.

„Наше е сега во наредните неколку денови да ја провериме документација за тоа каква локацијата каква е имотната состојба на локацијата која ние ја одредивме. Според моите сознанија и сознијата на нашите служби. Во тој дел расчистени се имотно правните односи, така да веднаш ќе пристапиме во подготовка на цела административна процедура за конечно градење на тој покриен олимписки базен“, вели градоначалникот Никола Бакрачески.

Градоначалникот Бакрачески вели дека локалната ќе направи се  во целот да ги реализира своите ветувања. Nikola Bakraceski gradonacalnikЕдно од нив е тоа дека Охрид конечно ќе добие современ затворен олимписки базен.

„Според она што денеска го слушнав од институциите во склоп на локалната самоуправа, а и од луѓето кои работат во агенцијата за спорт и млади, средствата се одделени  наменски за изградба на овој базен кој ќе биде едно од посовремените решенија за изградба на базен во Р Македнија со европски стандарди и според нив реално е дека во април идната година ќе почне со изградба на овој базен“, вели градоначалникот Бакрачески.

Инаку Охрид уште пред неколку години требаше да биде дел од Владиниот проект според кој требаше да добиеме еден од планираните 9 Олимписки базени.
Според првичните најави затворениот базен ќе биде со димензии 33 на 25 метри со седишта за 300 до 500 гледачи. Неговата намена ќе биде за рекреација на граѓаните, но и за одржување меѓународни ватерполо натпревари.

{loadposition content9}