Охрид букиран за Новогодишните празници
Угостителите и хотелиерите ги тријат рацете, се очекува илјадници гости од земјава но и од регионот особено соседна Србија Новата 2025 година да ја дочекаат на брегот на Охридското Езеро. Поголемиот дел од хотелските капацитети и приватното сместување се веќе букирани. Гости ке има од земјава, но и од целиот регион. Тие ќе почнат да пристигнуваат викендот пред 31 декември.
-Имаме информации дека се закупени доста аранжмани од туристи од соседна Србија за празниците но и од Бугарија, Турција кои што се во поголем број доаѓаат во Охрид. 0130 Карактеристично е аранжманите да бидат продолжен викенд иако 31 декември е работен ден во текот на неделата оние аранжмани од 3 до 4 дена два дена пред Нова година и ден два потоа се најбарани и најпосакувани. – вели Челик Асим туристички работник.
Цените на аранжманите во хотелите се движат од 150 до 250 евра по лице за три денови полупансион со вклучена свечена вечера и пијалоци за дочекот на Новата година. Според туристичките работници Охрид и натаму е најевтина дестинација во регионот.
– Многу е битно да се каже која е понудата во однос на цената еве како што реков нашата понуда не е нешто премногу богата како големите европски метрополи но се уште Охрид како туристичка дестинација и во лето и зима нема поконкурентно емсто за посета. Се уште сме многу многу конкурентни на пазарот, додава Асим.
Од Локалната ја објавија програмата, која ќе трае повеќе денови проткаена со Охридска зимска приказна за најмладите. Граѓаните задоволни, велат убаво е украсен градот, очекуваат за празниците да има голем број туристи.
По охридската чаршија празничен амбиент, Новогодишна музика и многу Дедо Мразовци во декоративни магични катчиња за фотографирање.
Новинар Соња Рилковска