Општина Охрид
Охрид го чествува Денот на Македонската револуционерна борба
Положени букети свежо цвеќе пред спомен обележјата на охридските револуционери во градскиот парк.
Делегација на Општина Охрид предводена од секретарот Александар Китески се поклони и положи цвеќе пред спомен обележјата на охридските револуционери во градскиот парк, по повод 23-ти Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба.

Цвеќе положија и охридските пратеници во Собранието на Р. Македонија, делегација од Сојузот на Борци од Охрид и Дебрца и останати претставници од политичкиот и општествениот живот во градов.



