Охрид дел од кампањата за рационална употреба на антибиотици
Охрид е еден од десетте градови во земјава каде се одржува семинарот за рационална употреба на антибиотици. Целта на националната кампања е да се зголеми свеста кај здравствените работници, но и кај населението за непотребната употреба на антибиотиците.
Алармантната состојба на светско ниво со употреба на антибиотици, не ја одмина ниту нашата земја. Македонија спаѓа во просекот на југоисточните земји кои бележат висок процент на употреба на антибиотици, велат еминентни професори од медицинскиот факултет во Скопје, кои денес одржаа семинар пред докторите од охридско – струшкиот регион. Петта година по ред системски се работи за подигање на свеста за рационална употреба на антибиотиците, вели Др Никола Паноски од медицинскиот факултет во Скопје. Додаде дека фокусот на денешниот семинар е ставен на докторите специјалисти, кои работат во болниците.
„Во овој регион се користат 2 до три пати повеќе антибиотици отколку во северните земји, скандинавските, Холандија итн дури има податоци дека има двојно повеќе отколку во Словениија. Значи таков е менталитетот тука такви се навиките да се користат антибиотици, меѓутоа можам да кажам дека во воаа деценија се користат најмалку двојно помалку антибиотици отколку што се користеле во 90 години тогаш неконтролирано се користеле многу повеќе“ – вели д-р Паноски.
Употребата на антибиотици продолжува да се зголемува при што како последица се зголемува и отпорноста на антибиотици, вели Прим. Д-р. Голубинка Бошевска од Институтот за национално здравје. Таа апелира сите заедно да делуваме, а населението да не очекува докторите без потреба да препишуваат лекови, посебно за настинка која со или без третман трае недела дена, туку да остават проценката на докторот да каже дали е потребен антибиотик или не.
„Треба да се потрудиме да сите заедно вклучувајќи ги граѓаните но и здравствените работници што помалку ги употребуваме антибиотиците за оние инфекции кои што знаеме дека се со вирусно потекло бидејќи антибиотиците не делуваат на вирусните причинители на заболувања. Исто така е потребно повеќе да обрнеме внимание на личната хигиена на зголемување на хигиената на рацете за која што многу често за многу различни заболувања ја споменуваме но е особено важна, на вакцинацијата исто така која што спречува инфекции заради кој што понатаму без потребно користиме антибиотици“. – изјави д-р Бошевска.
Кампањата започна во Велес, ќе бидат вклучени 10 поголеми градовиод државата, а ќе трае до 18 – ти ноември, кога ќе се одбележи Денот за одбележување на злоупотреба на антибиотици. Истата е во организација на Мултисекторската комисија за рационална употреба на антибиотици при Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, Институтот за микробиологија и паразитологија при Медицински факултет, Фондот за здравствено осигурување на Македонија, здружението Центар за регионални истражувања и соработка ”Студиорум”. Кампањата финансирана е со средства од Светската здравствена организација и Владата на Кралството Белгија.
{loadposition content9}