УХМР
Охрид денес до 30°C, попладне можна појава на невреме со град
Минималните температури денес во Охрид од 18, а максималните до 30 степени Целзиусови.

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните температури денес во Охрид од 18, а максималните до 30 степени Целзиусови.
До почетокот на следната седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во четврток и петок ќе дува засилен до силен ветер, претежно од северен правец.







