Skip to main content

Во Охрид денес одбележан Меѓународниот ден на мирот

Во чест на овој светски празник, Сојузот на борците на Охрид и Дебрца заедно со Локалната самоуправа од Охрид, денес го организираа Маршот на мирот, покрај кејот на езерото.

 |  Голабовски Крсте  | 
marsh
марш

Во чест на овој светски празник, Сојузот на борците на Охрид и Дебрца заедно со Локалната самоуправа од Охрид, денес го организираа Маршот на мирот, покрај кејот на езерото.

veteraniЖивотот во мир е придобивка која никако не треба да ја сфаќаме здраво за готово. Денес во пресрет на Меѓународниот ден на мирот Сојузот на борците на Охрид и Дебрца заедно со Локалната самоуправа од Охрид, го организираа Маршот на мирот, покрај кејот на езерото. Гоце Ѓоргиески – Претседател на Охридскиот Сојуз на борците од НОАВМ истакна дека  правото на мир е од огромна важност особено во денешно време кога гледаме како насилството се шири низ светот. Додаде дека за да создадеме мир мора да ги увидиме последиците од војувањата насекаде низ светот денес.

„Поради тоа што војните започнуваат во умовите на луѓето, токму таму треба да се изгради одбраната на мирот.Оваа изјава запишана од оснивачите земји членки на УНЕСКО, во време кога светот се опоравувал од Втората Светска Војна, важи до ден денес“ истакна Ѓоргиески.

deca na ploshtadВо 2001 година Генералното собрание на Обединетите нации донесе Резолуција со која се покануваат сите држави членки на Обединетите нации, регионални и невладини организации и индивидуи да го одбележат на соодветен начин Меѓународниот Ден на мирот, вклучувајќи ја тука воспитната и јавната свест, во иднина да се прославува 21 септември како Светски Ден на мирот и глобален прекин на огнот и насилството и истиот да претставува покана до сите нации и луѓе да го одбележат и да прекинат со насилствата за време на траењето на тој ден истакна Никола Стефаноски – потпретседател на Сојузот на борци од Охрид и Дебарца.

„За жал, низ целата година најмногу се зборува за воени дејствија, Израел, Палестина, Украина, Ирак, Иран, задоволство е да се прозборува за мирот за овие дечиња кои се денес тука присутни, се работи за нив за нивната иднина и младост. Ним им треба мир за да можат да живеат среќно детство“ рече Стефаноски.

Светската федерација на ветераните овој ден го промовира во светски Марш што се одржува насекаде во светот под мотото „Ветераните чекорат за мир”. СБМ како членка на светската федерација на ветераните 6-та година е носител и организатор на овој Марш на мирот во нашата земја. Одбележувањето на Меѓународниот ден на мирот  е поддржано од Владата на Република Македонија, Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи, а годинава традиционално се приклучи и Општина Охрид, истакна заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев.

„Има илјадници начини за да не се направи непријателство има илјадници начини за да луѓето бидат блиски меѓу себе да си помагаат и да живееме во едно посрежно и поубаво општество“ порача Јанев.

Во активностите за одбележување на Меѓународниот ден на мирот учество зедоа основните училишта во Охрид, aктерите од Народниот Театар и детскиот Фестивал “Распеано рибарче”.

{loadposition content9}